Во Унгарија задоволни од ждрепката: Можеше да биде и полошо…

Репрезентацијата на Унгарија е еден од ривалите на нашата репрезентација на Европското првенство 2024.

Унгарија, која заедно со Австрија и Швајцарија се организатори на континенталниот собир, се надева на добар пласман, односно борба за медал.

Освен со Македонија, Унгарија во групата А ќе се соочи и со Шведска, како и незгодната Турција.

Селекторот на Унгарија, Владимир Головин, веќе прави пресметки за главната рунда.

„Заедно со Франција, Шведска е најголем фаворит од сегментот А-Ц групи, но гледам одлична шанса за Унгарија да се пласира во главната рунда. Имаме убави спомени против Шведска од олимписките квалификации пред една седмица, но моменталната форма ќе го реши победникот. Група Б е балансирана, сите имаат шанси, додека од групата Ц во следната фаза покрај Франција, би требало да оди и Шпанија, иако шанси има и Полска. Можевме да имаме и полоша ждрепка, нашата цел е да стигнеме до полуфинале. Дури пет учесници на ОИ се на другата страна на ждрепката, и таму ќе биде голема борба за полуфиналето“, вели Головин.

Македонија дуелот со Унгарија ќе го одигра во рамки од последното коло од групната фаза.

Грчевски: Можеше да биде и подобро, но и полошо – ќе се обидеме да ја поминеме групата

Ристовска: Знаеме со кого играме и каков предизвик имаме пред себе

Македонија на ЕП отвора со Шведска, на крај игра со домаќинот

Македонија ќе игра во Дебрецин – еве кои се ривалите на ЕП 2024!