🎥УТРЕ НА 24РАКОМЕТ… Селектор, тренер и професор кој сè уште има што да каже

Три децении на македонската ракометна сцена гравитира стратегот Симе Симовски. Поранешниот селектор на женскиот младински и сениорски национален тим, тренер на машкиот и женски клуб Металург, кој во својата кариера најдолго ќе се задржи во ЖРК Вардар Јуниор, потоа ЖРК Куманово, РК Скопје, а сега е предводник на женскиот првак ЖРК Ѓорче Петров.

Професорот по физичко воспитување многу сериозно пристапи на поканата за интервју на 24ракомет и изненади како прв соговорник кој дојде со комплетно подготвен потсетник.

Неговата играчка кариера е куса, но затоа тренерското искуство е големо, не само како кормилар на национална селекција, туку и во младински категории и работа со жени и со мажи, но и во училишниот спорт. Од него почнува да се шири ракометното семејство – неговиот син Димитар игра во Голден Арт, вардаровата легенда Стојанче Стоилов, како и Бојан и Симона Николовски му се внуци. Симе некои го знаат и како голем угостител, кој до 2010 година ја водеше кафеаната „Делфина“. Ракометот му е главната љубов во која сè уште има што да каже.

Утре на 24ракомет прочитајте го интервјуто со Симе Симовски.