Вицепрвакот славеше против младиот тим на Струга

Тимот предводен од Кире Лазаров во натпревар од 10. коло од плеј-оф фазата очекувано славеше победа над Струга со 35:20.

Гостите во Автокоманда настапија без неколку клучни играчи, шанса имаа помладите ракометари, кои дадената минутажа максимално ја искористија.

Домаќинот победата си ја обезбеди во првите 30 минути, на пауза замина со предност од 15:10 и во вториот дел немаше поголеми проблеми за да стигне до планираните три бодови.

Најефикасен во победничката екипа беше Дамјан Митев со седум погодоци, а го следеше Кристијан Симоноски, кој беше прецизен петпати.

Кај Струга одлична партија имаше Филип Симоноски со шест погодоци, солиден беше и Јулијан Матески, имаше четири реализации, но и неколку поделени асистенции кон своите колеги.

Вицепрвакот во следното коло ќе го пречека Охрид, додека Струга на свој терен ќе игра против Вардар.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР12110135
2ВАРДАР 196112100233
3АЛКАЛОИД1280427
4ОХРИД1280426
5ТИКВЕШ 20141260619
6БУТЕЛ1230910
7ПРОЛЕТ1220106
8СТРУГА1200120