Finals - France vs Denmark, IHF 2023 Men's World Championship - POLAND, SWEDEN, Stockholm, 29.01.2023, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Данците пред финалето криеле дека Хансен е повреден

Селекцијата на Данска славеше во финалето на Светското првенство против Франција со 34-29 и ја одбрани титулата светски првак.

Ова е трета круна по ред за избраниците на Николај Јакобсен со што влегоа во историјата на ракометот.

Посебен детаљ во одиграното финале ќе остане забележан, а тоа е дека еден од најдобрите ракометари на светот Микел Хансен упати само еден удар кон голот на ,,триколорите”.

Поголемиот број од ракометните фанови се прашуваа зошто најдобриот светски ракометар беше толку резервиран во големото финале, но сега стигна одговорот. Данците два дена вешто ја криеле информацијата дека тој е повреден.

Хансен истакна дека чувствувал болка во коленото, а за своите соиграчи Гидсел и Питлик, кои беа едни од носителите на данската репрезентација имаше пофални зборови.

,,Ситуацијата не беше баш добра. Имав истекнување на коленото, како и многу насобрана течност коленото. Ме болеше и играв со болка“, изјави Хансен и ги пофали соиграчите. „Нашата ширина дојде до израз во ова финале, во првото полувреме нашите „момчиња“ (Гидсел и Питлик) без мака победуваа во дуелите еден на еден. Можеби можев да шутирам уште неколку пати кон голот, но немаше потреба. Тие играа одлично и без мене, така беше во поголемиот дел од турнирот“ изјави Хансен за данската телевизија ,,ТВ2″.