„Уште кога лежев повреден на теренот, знаев дека ќе ги пропуштам Олимписките игри“

Левиот бек на Келце и репрезентацијата на Шпанија, Даниел Душебаев во интервју за клупскиот сајт зборуваше за опоравувањето од повредата на коленото која ја заработи во април на мечот со Висла Плоцк.

Душебаев е на рехабилитација во Барселона и засега се оди според планот, но сепак тој ќе ги пропушти Олимписките игри во Токио.

„Правам многу вежби за коленото секој ден и засега се оди според планот. Наутро работам во базен, потоа се враќам во хотелот да одмарам. Во теретана одам навечер четирипати неделно. Засега не можам да ги оптеретувам нозете па го вежбам горниот дел од телото. Уште првиот пак кога добив повик во репрезентацијата размислував за игрите во Токио. Сепак уште кога лежев повреден на теренот знаев дека ќе ги пропуштам Олимписките игри. Сите во тимот зборуваат за нив бидејќи се многу чудни, одложувани и обележени со пандемијата. Ќе играв во Токио но таков е животот“, коментираше Душебаев за сајтот на Келце.

Олимпискиот турнир во ракомет започнува на 24 јули, а Шпанија е во групата А каде што ќе игра против Норвешка, Франција, Германија, Бразил и Аргентина.