Mathias GIDSEL, SF2 - Germany vs Denmark, Men's EHF EURO 2024 Germany, Cologne, Germany, 26.01.2024, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

📷 Данците ја „решија“ Германија во второто полувреме, и се чекираа во финалето на ЕП!

Данска после фантастично второ полувреме успеа да го скрши отпорот на Германците, и да слави голем триумф од 26:29, по кој се пласираше во големото финале на ЕП. Ракометарите на Јакобсен после минусот кој го имаа на полувреме, заиграа многу подобро во офанзива, голманот Нилсен имаше одлична партија со осум интервенции што беше доволно за сигурен триумф и пласмам во големото финале.

Германија-Данска 26:29  (14:12)

Полуфиналето го отвори Руне Дамке, со гол од левокрилната позиција, а на спротивната страна возврати Гидсел.Високо темпо наметна домаќинот Германија, играа доста цврсто во одбраната, а во нападот разноврсно го загрозуваа голот на Данска. Германците неколкупати имаа предност од два голови позитива, и воство во најголем дел од првото полувреме, но Данска преку расположените Гидсел и Питлик успеа да израмни на 8:8 во 20.минута. Скандинавците пропуштија шанса и да го превземат водството но одличниот Волф  ја спушти „ролетната” бранејќи зицери на противникот. Нерешлива енигма за данската одбрана беше младиот Ушчинс, кој беше еден од главните иницијатори за серијата од 3-0 по која Германија стигна до највисоко водство од +3, 13:10 во 28.минута. До крајот Данска намали еден гол од највисоката германска предност и на полувреме се замина со резултат 14:12 за домаќинот.

Julian KÖSTER, SF2 – Germany vs Denmark, Men’s EHF EURO 2024 Germany, Cologne, Germany, 26.01.2024, Mandatory Credit © Axel Heimken / kolektiff

Питлик и Ландин погодија на стартот на второто полувреме и на семафорот повторно беше нерешено 14:14. Данците после неколку промашувања, конечно преку Халд за првпат на мечот поведоа со 15:16, во моментите кога одлично фунционираше врската Гидсел-Халд.

Емил Нилсен почна да собира одбрани на голот на Данска, а после  неговата четврта одбрана, Јакобсен реализираше контра за 17:19. Гитсел диригираше со играта на Данска, погодуваше , асистираше, а кога е така данците доминираат на теренот. Хансен со погодок од 7 метри донесе највисоки плус три за својата репрезентација, 18:21 во 45.минута.

Ракометарите на Гисласон се обидуваа да држат чекор, најчесто стигнувајќи до два негатива но тоа не беше доволно да се запре забревтаната Данска. По две промашувања на германците,погодија  Киркелоке и Гидсел за највисоки 21:26,и ја донесоа Данска на чекор до финале.

ЕП 2024Ч Германија – Данска

Имаа Германците шанса да намалат на „минус три“ на пет минути до крајот, но одличниот Нилсен му одбрани седмерец на Вебер, а на спротивната страна казни Киркелоке за 22:27. Штајнер реализираше седмерец за 25:28,  а Германија беше со ракометар повеќе во тие  моменти. На семафорот остануваа уште две минути, а Волф со нова одбрана ја врати шансата на германците за нешто повеќе. Колбахер погоди за 26:28, но Хансен со погодок ги реши сите дилеми за патникот во финалето. Данска славеше со 26:29, и се пласираше во финалето, каде за противник ќе ја има селекцијата на Франција.

Најпрезни во Данскио состав беа Јакобсен, Хансен и Питлик со по пет гола, а во репрезентацијата на Германија одличен со пет погодоци беше младиот Ушчинс.