Првпат во историјата – осум земји имаат и машка и женска репрезентација на ОИ

Во текот на вчерашниот ден беше извршена ждрепката за групите на Олимписките игри 2024 во Париз.

Како што е познато, 12 репрезентации ќе се борат за златото во машка и женска конкуренција.

За првпат во историјата на Олимписките игри 2024 дури осум земји ќе имаат машка и женска репрезентација.

Станува збор за Франција, Норвешка, Унгарија, Шпанија, Германија, Шведска, Словенија и Данска.

Актуелен бранител на титулата кај дамите и мажите е Франција, која повторно ќе биде меѓу главните фаворити за златото.

Хрватска и Словенија во иста група на ОИ, Франција си одбра полесни ривали!