Охриѓани ги пуштија во продажба билетите за дербито со Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Охрид во 10. коло од плеј-оф фазата на свој терен ќе го пречекаат актуелниот шампион Еурофарм Пелистер.

Охриѓани во досегашниот тек од разигрувањето за титулата победија на седум натпревари и моментално се позиционирани на третото место со 23 бодови.

Составот на Стевче Алушовски на првата пресметка во Битола се покажа како незгоден ривал и до финишот беше во игра за освојување на трите бодови.

Билетите за неделниот дуел меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер веќе се пуштени во продажба, цената е 100 денари, а едно лице не може да купи повеќе од две карти.

Доколку Охрид го изненади шампионот, тогаш до последното коло ќе има голема неизвесност за првото место.

Пресметката меѓу „гладијаторите“ и битолчани ќе се одигра на 21 април во спортската сала „Билјанини Извори“ со почеток од 19:00 часот.