Барселона ги сруши сите рекорди во Лигата на шампионите, Чупиќ сè уште единствен

После 112 натпревари заврши групната фаза од Лигата на шампиони за мажи, сите 16 екипи продолжуваат во осминафиналето кое започнува на 31. март. Статистиката ја истакнува екипата на Барселона како гол машина.

Иако Барса загуби од Кил на фајнал форот кој се играше во декември, каталонскиот тим има импресивна серија. Официјалниот сајт на ЕХФ за Лигата на шампионите направи анализа на групната фаза, а ова се некои од најимпресивните и најважни факти од првиот дел на сезоната.

  • Ниту еден клуб го нема одбрането трофејот освоен во Келн од неговото прво издание во 2010 година. Кил ќе има шанса за помалку од шест месеци да го освои двапати.
  • Ниту една екипа не е дебитант оваа сезона во Лигата на шампионите, ниту пак за првпат ќе игра во нокаут фазата.
  • Загреб не освои ниту еден бод во групната фаза, што е за првпат откако групите се со осум екипи од сезоната 2015/16 еден тим групната фаза да ја зарши со нула бодови. Претхнодно најслаб учинок со по два бода имале Бешикташ и Шафхаузен.
  • Еден дуел е повторување од претходните финалиња во Лигата на шампионите, тоа е дуелот помеѓу Веспрем и Вардар.
  • Еден натрпевар во групната фаза заврши со помалку од 45 гола, Порто го совлада ПИК Сегед со 25:19.
  • Еден ракометар ја има одбрането титулата освоена во Келн, тоа е Иван Чупиќ кој во 2016 стана шампион со Келце а наредната година го повтори успехот со Вардар. Чупиќ го повтори успехот и уште еднаш во 2019 година стана европски шампион со Вардар.
  • Еден човек го има освоено трофејот во Келн и како играч и како тренер, тоа е Филиш Јиха со Кил во 2010 и 2012 година како играч и 2020 година како тренер.
  • ППД Загреб е екипата која промени најмногу тренери оваа сезона, вкупно три, Игор Вори беше заменет од Владо Шола а потоа на клупата седна Ивица Обрван.
  • Барселона четирипати постигна повеќе од 45 гола на четиринаесет натпрвари.
  • 4 тренери кои сè уште се вклучени во ова натпреварување, ја освоија Лигата на шампионите барем еднаш како тренер: Талант Дујшебаев (Келце / четири титули – три со Сиудад Реал; една со Келце), Чави Пасквал (Барселона / две со Барселона), Раул Гонзалес (ПСЖ / една со Вардар) и Филип Јиха (Кил / една со Кил). Давид Дејвис (Веспрем) и Алберто Ентрериос (Нант) ја освоија Лигата на шампионите како играчи со Сиудад Реал, Филип Jиха (Кил) и Борге Лунд (Елверум) како играчи со Кил и Мајк Макула (Фленсбург) како помошник тренер на Флензбург Хуан Карлос Пастор (ПИК Сегед / со ПИК Сегед) и Магнус Андерсон (Порто / со Гепинген) го освоија Купот на ЕХФ како тренери.
  • Четвртти пат откако е променет системот во последните шест години Барселона е победник во својата група.
  • Од 5 различни земји доаѓаат претходните 11 победници на фајнал-форот во Келн, Германија (Кил во 2010, 2012 и 2020 година; Хамбург во 2013 година; Фленсбург во 2014 година), Шпанија (Барселона во 2011 и 2015 година), Полска (Келце во 2016 година), Македонија (Вардар во 2017 и 2019 година) и Франција (Монпелје во 2018 година). Сите тие земји се уште имаат свој претставник во трката за трофејот 2021 година.
  • 6 претходни победници во Лигата на шампионите, кои вкупно претставуваат 17 трофеи, сè уште се дел од натпреварувањето: Барселона (1996-2000, 2005, 2011, 2015), Кил (2007, 2010, 2012, 2020), Вардар (2017, 2019), Целје (2004), Фленсбург (2014) и Келце (2016).
  • 7 од 112 натпревари во групнат фаза завршија со разлика од 10 или повеќе голови.
  • 10 натпревари во групната фаза завршија со 70 и повеќе голови, во споредба со само три натпревари со толкав број голови во сезоната 2019/20.
  • 11 од 16 екипи кои сè уште се дел од натпреварувањето беа меѓу 14-те екипи кои се пласираа во нокаут-фазата минатата сезона: Вардар, ПСЖ, Веспрем, Барселона, Флензбург, ПИК Сегед, Келце, Целје, Порто, Алборг и Кил.
  • 13 земји се претставени од 16-те учесници во плеј-офот: Франција, Германија и Унгарија се претставувани со по два тима; Белорусија, Данска, Хрватска, Шпанија, Македонија, Норвешка, Полска, Португалија, Словенија и Украина имаат по еден.
  • 14 победи на 14 натпревари во групата беше рекордниот биланс на Барселона.
  • 18 гола беше најголемата разлика на натпревар од групата, кога Барселона победи со 45:27 против Загреб.
  • 27 натпревари во групите по ред, Барса ги доби после поразот на гостувањето кај ПИК Сегед во сезоната 2019/20.
  • 28 бодови освоени од Барселона, претставува нов рекорд откако се играа групните фази со осум екипи по група. Претходниот рекорд беше 26 поени на ПСG и Барса.
  • На 112 натпревари во групата се случија 42 победи на гости.

Топ 5 рангирања во групната фаза:

Натрпевари со најмногу голови:

76 гола: Барселона против Мотор 42:34
75 гола: Барселона против Алборг 42:33
74 голови: Веспрем против Кил 41:33
73 голови: Елверум против ПСG 29:44
72 гола: Барселона против Загреб 45:27
72 гола: Фленсбург – Елверум 29:44

Натпревари со најмалку голови:

44 гола: Порто против ПИК Сегед 25:19
46 гола: Брест против Вардар 24:22
47 гола: Загреб против Мотор 23:24

Победи со највисока разлика:

+18 голови: Барселона против Загреб 45:27
+15 голови: Веспрем vs Целје 39:24
+15 голови: Елверум против ПСЖ 29:44

Најдобар напад:

505 постигнати голови: Барселона
443 постигнати голови: Веспрем
442 постигнати голови: Киелце
397 постигнати голови: Алборг
394 постигнати голови: Кил

Најдобра гол-разлика по 14 натпревари:

+93: Барселона
+61: ПСЖ
+51: Веспрем
+28: Киелце
+16: Кил

Најдобри стрелци:

80 гола: Алекс Душебаев (Келце)
72 гола: Микел Хансен (ПСЖ)
67 голови: Вјачеслав Бохан (Запорожје)
67 голови: Микита Ваилупов (Брест)
66 гола: Валеро Ривера (Нант)