Одличниот Димитриевски не успеа да го спаси Синфин

Тимот на Синфин Сантандер, каде што игра македонскиот репрезентативец Дарко Димитриевски, загуби на домашен терен во Асобал лигата.

Составот на Хелветиа Анаитасуна триумфираше во Сантандер со 29-32 во натпревар од 14 коло, а на  полувреме беше 13-14 за гостите.

Димитриевски ја продолжува одличната форма и беше најдобар стрелец во домашниот тим, успеа да постигне осум голови од девет обиди.

Во следното коло Синфин ќе гостува кај Бидасоа Ирун.