Димитриевски шестпати во голот на Ваљадолид, но серијата порази на Синфин продолжи

Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски кој настапува во шпанската Асобал лига со својот Синфин Сантандер забележа пораз на гостувањто кај Ваљадолид со 30:37 во 26. коло.

Во првото полувреме Синфин добро се држеше, бркаше негатива, но тоа беше гол или два додека во завршните минути успеа и да израмни. Сепак, на полувреме домашниот тим имаше предност од 16:15.

Во продолжението Ваљадолид имаше контрола на играта и резултатот, во 45. минута веќе имаше сигурна предност од 24:20 која до крај на дуелот само ја зголеми и стигна до победата.

Дарко Димитриевски имаше уште едно солидно издание за својот тим, постигна шест гола од девет удари кон противничкиот гол. Синфин после серијата порази падна во опасната зона на испаѓање, а во следното коло нова шанса за бодови ќе има против Кангас на домашен терен.