Kai HÄFNER, Germany vs Austria, Men's EHF EURO 2024 Germany, Cologne, Germany, 20.01.2024., Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Драма во Ланксес Арена: Германија „спаси“ бод против одличниот Местл и Австријците!

Во еден фантастичен натпревар и супер возбудлив финиш домаќинот Германија и Австрија одиграа нерешено 22:22. Уште на стартот беше видливо дека Германија нема да има лесна задача вечерва, а голема улога за тоа имаше одличниот Константин Местл на голот кој натпреварот го заврши со 17 интервенции. Австрија имаше и највисоки пет позитива 16:21, но и тоа не беше доволно да слави на овој натпревар. Германија успеа да се врати во последните десетина минути и на крајот сепак може и да биде задоволна со овој бод.

Германија-Aвстрија 22:22 (11:12)

Динамично прво полувреме одиграа домаќинот Германија и Австрија. Австрија која е едно од најпријатните изненадувања во досегашниот дел на ЕП, одигра одличнi први триесетина минути против фаворизираниот домаќин, и покажа дека ќе биде тврд орев до самиот крај. Првиот дел го одбелжа битката помеѓу двата голмани Местл и Волф кои заедно имаа 21 одбрана. Местл со 11 интервенции беше главниот иницијатор за добрата игра на Австријците кои на средината на првиот дел го зададоа првиот поголем удар. Најпрво при негатива од 4:3, Австријците направија серија од 3-0 по која поведоа со 4:6, а добрата игра ја крунисаа и со највисоко водство од 6:10,  и 7:11. На германскиот селектор Гисласон не му се допаѓаа настаните на теренот па беше принуден да викне тајм аут. Тоа како да ги освести германските ракометари кои со головите на Мертенс, Кестер и Кнор експресно се вратија на минус 1, 10:11. Хутечек со погодок стави крај на германската серија, а Гола со вториот погодок стави крај на првиот дел кој заврши со резултат 11:12 во корист на Австрија.

Lukas HERBURGER, Johannes GOLLA and Boris ZIVKOVIC, Germany vs Austria, Men’s EHF EURO 2024 Germany, Cologne, Germany, 20.01.2024., Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Живковиќ беше расположен на почетокот на второто полувреме, а по десетина минути игра Австрија поведе со 15:18, што беше аларм за Гисласон да повика тајм аут. Австријците преку Вебер го вратија своето највисоко водство од плус четири, 15:19, а Хане со погодок се обиде да ги разбуди подзаспаните соиграчи. Секој обид за враќање на германците во игра го спречуваше извонредниот Местл на голот. По неговиот одбранет седмерец, Вагнер погоди на највисока предност од 16:21 во 50.минута. Тоа што го правеше Местл на австрискиот гол, го правеше и Волф на спротивната страна. Во последните десетина минути германците почнаа да играат поагресивно во одбраната, а брзо ги завршуваа своите напади во офанзива. Сето тоа резултираше со  серија од 3-0 по која се приближија на само гол негатива 21:22. По неколку пропуштени шанси за израмнување од страна на германците, Стеинерт конечно погоди за ерупција во „Ланксес арената“, а на семафорот стоеа четири двојки во 59.минута. Следуваше вистинка драма во последната минута. Австрија тргна во напад кој заврши со непрецизно додавање, а германците немаа доволно време да постигнат погодок за  нерешени 22:22.

Најпрецизни во германската репрезентација беа Кнор со шест и Кастенинг со четири голови. Кај Австрија најрасположен за игра беше Билик со пет погодоци.