Димитриевски и Синфин домаќини на завршницата во Асобал купот

Шпанскиот Асобал куп годинава ќе се одржи во периодот од 5 до 6 јуни, а домаќин ќе биде градот, Сантандер. Овој куп требаше да се одржи во декември, но поради ситуацијата со Ковид 19 мораше да биде поместен.

Првпат во својата историја, Синфин ќе учествува на завршницата од Суперкупот. Покрај Синфин место обезбеди и фаворитот за пехарот, Барселона. Двете останати екипи кои ќе учествуваат се Бидасоа Ирун и Бада Хуеска.

Ждрепката за полуфиналните натпревари треба да се одржи во текот на следната недела.

Во екипата на Синфин настапува и македонскиот интернационалец, Дарко Димитриевски, кој, игра во солидна форма во Асобал лигата и со својот тим ќе има шанса на свој терен да направат добар резултат.

Од клубот се надеваат дека здравствените власти во Кантрабија ќе дозволат присуство на публика на сите натпревари.