Илкова не мрда од Турција

Некогашната ракометарка на Млаз Богданци, Еуростандард Ѓорче Петров и Кометал Ѓорче Петров – Ленче Илкова, и во новата сезона ќе игра во турскиот шампионат.

По распадот на поранешниот европски првак, Илкова замина за Турција и следната година што ќе ја одигра, ќе биде вкупно десетта за неа.

Најпрво играше за Муратпаша, па беше дел од Ускудар, Јенимале и минатите две сезони од составот на Кастамону, а нејзин нов предизвик ќе биде составот на Измир.