Драма во “езерското дерби“: Бодовите сепак ги освои Охрид

Иако домашниот тим на Струга е последен на табелата во плејаутот, за малку можеше да направи големо изненадување, на “езерското дерби“ против соседен Охрид. Бодовите се пак ги освои фаворитот, Охрид кој победи со 24-21 (11-14), иако на полувреме имаше негатива од три гола. Со оваа тешка и докрај неизвесна победа Охрид останува во Топ-3 на табелата, со една нога во европските купови, но и со шанса дури да се замеша и за титулата.

За Струга дуелот немаше резултатско значење, но секој бод или победа на дуелите против Охрид значат многу, значат престиж, надмоќ. Затоа и тие средби секогаш се докрај неизвесни. Имаа шанса домашните ракометари на крај да бидат и победници, и немаше да биде незаслужено, затоа што постојано се бореа, покажувајќи голем мотив.

Го имаа расположениот Мерис Бошњак кој даде 9 гола, но недоволно за победа. Иако играа со 13 играчи домаќините се до псоелдните секудни не се предадоа. Охриѓани како да ги потценија, сметаа дека лесно ќе минат низ Струга, ама мораа добро да се испотат.

Се до последната минута се водеше борбам за секоја топка, за секој шут. Охрид на 36 секунди до крај од пенал Никола Јукиќ зголеми на 23-21 со што го реши победникот, а потоа и голманот Даниел Ѓорѓески погоди од „гол на гол“ за конечни 24-21.

Но, во текот на мечот не беше се така „мазно“ за охриѓани. Беа изненадени од самиот почеток бидејќи имаа негатива од 1-5, па Стевче Алушовски уште во 11 минута мораше да бара „тајм аут“. Но, брзо дојдоа работите на место, па Охрид израмни, 7-7, но потоа Струга пак се стабилизираше, па на полувреме имаше воство од 14-11.

Имаше Охрид водство од „плус „ првпат во 47 минута, (17-19) и повторно му дозволи на домашниот тим да се врати во игра, но сега гостите го диктираа темпото. Тие поведуваа, а Струга израмнуваше. И кога требаше најмногу, тие ги реализираа своите шанси.

Освен Мерис Бошњак кој даде 9 гола (2 од седмерец), по шетири постигнаа Ненад Костоски и Јулијан Матески за Струга, додека во гостинскиот тим на Охрид, шест гола даде Никола Јукиќ.

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР980126
2ВАРДАР 1961970224
3ОХРИД970223
4АЛКАЛОИД960321
5ТИКВЕШ 2014950416
6ПРОЛЕТ92076
7БУТЕЛ91084
8СТРУГА90090