Илкова даде десет гола, Гевгелија одработи рутински против Кузман Вардар

Тимот на Гевгелија, кој во паузата остана без Мери Гичева, славеше на првиот меч од плеј-аутот конкурецијата во Женската лига против Кузман Вардар со 32-20.

Избраничките на Татјана Љатева поведоа со 3-0, но гостинките се заканија во продолжение и израмнија на 4-4.

Сепак гевгеличанки ја преземаа контролата на теренот и до паузата успеаја да создадат комотна предност, 13-9.

Во вториот дел, девојките на Александра Кузмановска одржуваа пристојна негатива, но во финишот попушти нивната концентрација, па Гевгелија запиша убедлив триумф.

Најдобри во победничкиот тим беа поранешната репрезентативка Ленче Илкова со десет гола, како и Димова и Димитрова кои дадоа по шест, додека кај Кузман Вардар, со десет погодоци се истакна Нина Милевска.