Женската репрезентација на Македонија обезбеди место на Европското првенство во Австрија, Швајцарија и Унгарија, откако славеше на гостувањето кај Азербејџан лесна победа со 37-22.
Големата надеж на Македонија, Ива Младеновска, која во оваа сезона го има првиот интернационален предизвик, ги сподели своите импресии по пласманот на континенталниот собир.
,,Овој пласман на Европско првенство значи многу за мене, сметам дека е голем успех, бидејќи после толку време се пласиравме на едно големо натпреварување преку квалификации и тоа значи дека сме на вистинскиот пат. Се надевам на добра игра на Европското, имаме време да се подготвиме максимално и да целиме кон добар резултат”, изјави Младеновска.
Македонија последниот натпревар од квалификациите ќе го одигра против Литванија на 7 април во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 18:00 часот.
Македонија во елитно друштво – им се придружи на Норвешка, Данска, Шведска, Холандија…
Дамите по пауза од 12 години изборија пласман на големо натпреварување