Бутел Скопје со нови договори за двајца младински репрезентативци

Тимот на Бутел Скопје продолжува со формирањето на играчкиот ростер за наредната сезона во која влегува со амбициите за најмалку истиот резултат од минатата сезона кога заврши веднаш зад големата четворка.

Левото крило Марко Каевски и средниот бек Давид Јаневски, кои беа меѓу најдобрите поединци во младинската екипа која беше вицепрвак, но имаат улога и во првата екипа, ќе продолжат да го носат дресот на Бутел Скопје.

Тие потпишаа нови договори на две сезони и ќе останат во Бутел Скопје најмалку до 2028 година.

Бутелци почнуваат нова ера со Стојанче Стоилов на кормилото, а досега ги потврдија ангажманите на голманите Градимир Чаневски и Марко Богдановски. Десното крило Бојан Спасовски го продолжи договорот, а истото го направија и левиот бек Теодор Тодески и кружниот напаѓач Дејан Михајловиќ.

Клубот се раздели со браќата Узунчеви, голманите Стојаноски и Трајкоски, како и Киселовски, Шилегов, Ѓурмешевиќ и Новаковски.

____________________________________________________________________________________________________
 ▶▶▶ Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________