Томислав Димковски на радарот на Тиквеш

Поранешниот кадетски и младински репрезентативец на Македонија, Томислав Димовски, се наоѓа пред трансфер во Тиквеш, дознава 24Ракомет.

Средниот бек на Пролет, кој беше важна алка во играта на овој тим би можел да ја промени средината летово и да го засили составот на Кристијан Грчевски, кој и наредната сезона ќе го предводи клубот.

Кавадарчани го имаат Страхиња Симиќ на средната бековска позиција, a тука е и младинскиот репрезентативец Мики Лазов.

Тиквеш досега се засили со левите бекови Тоше Ончев и Мохамед Бен Махфуд, како и пивотот Борјан Цековски, а од Кавадарци заминаа голманите Василије Печурица и Благој Панов, а левиот бек Богдан Мијушковиќ е пред тррансфер во Израел.

Тимот од Кавадарци освен на домашна сцена, ќе биде активен и на меѓународна, бидејќи се пријави во ЕХФ Европскиот Куп.