Најдобриот суперлигашки стрелец „рипна во тавче“ – се ожени Димитар Димитриоски

Најдобриот стрелец во Супер машката лига за минатата сезона, Димитар Димитриоски паузата меѓу двете сезони ја искористи за свадбена веселба.

Прилепчанецот и неговата избраничка Стефани Ратковиќ, сега Димитриоски, ја крунисаа својата љубов и со црковен брак.

На свадбата во еден од скопските ресторани беа присутни многу поранешни соиграчи на Димитриоски од времето на Металург, Вардар, Еурофарм Пелистер 2 и Ваљадолид, но и актуелни соиграчи од Прилеп.

Меѓу гостите беа Милан Лазаревски, Никола Стоилевски, Марко Кизиќ, Филип Талески, Стефан Атанасовски, Мартин Карапалевски и уште многу други…

Димитриоскки потпиша договор со екипата на Прилеп за наредната сезона и ќе продолжи да настапува за клубот од родниот град.