На најубав начин замина во пензија – Грос влезе во „клубот 1000“ во Лигата на шампионите

Најдобрата словенечка ракометарка Ана Грос, по 25 години активна играчка кариера, на крајот на оваа сезона замина во пензија.

Грос на најубав можен начин се прости од ракометот – со настап со Брест Бретањ на Ф4 во Лигата на шампионите, но и како членка на клубот „ТОП 1000“ – ракометарки што постигнале четирицифрен број на голови во најелитното европско клупско натпреварување.

Словенката стигна до 1009 голови што е доволно за петтото место. Пред неа се исто така ракометарки што веќе се во пензија – Неагу (1232), Радичевиќ (1181), Лекиќ (1073) и Горбиц (1016).

Поранешната словенечка репрезентативка потекнува од Олимпија, играше за Крим, Ѓер, Мец, ЦСКА Москва, Турингер, како и за францускиот Брест Бретањ во два наврати.

За националниот тим на Словенија настапи 159 пати и постигна 767 погодоци, а низ кариерата освои многу трофеи во првенствата со клубовите каде што играше, но има и титула во Лигата на шампионите со Ѓер.

____________________________________________________________________________________________________
  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________