Величковска: Очекувавме тежок меч, промашивме многу зицери

Чаир беше фаворит, но мораше на крај да признае пораз на полуфиналниот дуел со Спартак, 23-24 во Купот на Македонија. Имаа негатива во текот на натпреварот, и повреди на Техани Амар и плус црвен картон на Александра Коловска.

„Малку не пореметија повредата и црвениот картон, но промашивме многу зицери. Очекувавме дека ќе биде тежок меч со Спартак, вели Габриела Величковска, ракометарката на Чаир.

Во финалето од Купот, Спартак ќе игра со Ѓорче Петров во 17 часот во Струмица.

Сега на чаирчанки им останува само уште можноста да се борат за титулата каде се во директна борба со Ѓорче Петров. Во моментов имаат бод заостанување и еден меч повеќе, и тешко ќе им биде на патот до титулата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 Rakomet (@24rakomet)