Спартак во своето прво финале во Купот на Македонија иако на крај загуби со 30-33 од Ѓорче Петров, имаше шанса во самата завршница да внесе неизвесност и драма, но сепак поискусните „лавици“ ги искористија шансите и дадоа два гола во серија со кои ја запечатија победата.
Слободанка Кицеска – најдобриот голман на Ф4 турнирот од Купот. За Спартак ова беше прво финале во Купот, а Кицеска има златни медали во финалето токму со екипата на Ѓорче Петров претходните сезони.
„Ова е доказ за напорната работа. Ова е најдоброто сребро што сум го освоила во мојата кариера. Повеќето девојки сезоната ја почнавме со една цел, а завршивме со друга. Сега треба да се искористи овој резултат за Спартак да продолжи да расте“
Спартак го освои второто место на Ф4 турнирот од Купот на Македонија откако во финалето загуби со 30-33 од Ѓорче Петров.
Во домашното првенство Спартака сега го „брка“ четвртото место кое може да им донесе и излез во европските купови.
View this post on Instagram






















