24Ракомет го избра Идеалниот тим на сезоната во машката Супер лига, а цела сезона ги избираше и најдобрите ракометари секое коло. Покрај идеалната седморка, како и најдобриот тренер, дефанзивец и млад ракометар, имаше и други ракометари кои ја одбележаа сезоната.
Во сезоната што заврши пред еден месец во машката Супер лига беа одиграни вкупно 28 кола, 14 во првиот дел од сезоната и 14 во плеј-оф/аут фазата, а 22 играчи беа избрани за играчи на колото, односно за МВП.
Прилеп и Куманово се лидери во МВП признанијата, имаат вкупно четири, по три МВП признанија имаат екипите на Струга, Вардар Неготино, Охрид и Вардар, две МВП признанија освои Голден Арт, а по едно Аеродром, Бутел, Алкалоид, Еурофарм Пелистер, Скопје и Мулти Есенс.
Најмногу МВП признанија, како играч, има довчерашниот член на Куманово, Наум Костов, кој од наредната сезона ќе настапува за Охрид. Десното крило трипати победуваше во изборот за играч на колото, еднаш како член на Аеродром.
Мерис Бошњак (Струга), Давид Даев (Голден Арт), Денис Шабановиќ (Прилеп) и Даниел Ѓорѓески (Охрид) се играчите кои што по двапати освојуваа најголем дел од гласовите на читателите на 24Ракомет.
МВП НА КОЛО ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (РЕГУЛАРЕН ДЕЛ)
1.КОЛО: Наум Костов (Аеродром)
2.КОЛО: Марко Срдановиќ (Вардар)
3.КОЛО: Димитар Ѓоргиевски (Бутел Скопје)
4.КОЛО: Мерис Бошњак (Струга)
5.КОЛО: Давор Шокоски (Скопје)
6.КОЛО: Давид Даев (Голден Арт)
7.КОЛО: Тодор Јанкуловски (Струга)
8.КОЛО: Деан Шешиќ (Охрид)
9.КОЛО: Иван Галевски (Алкалоид)
10.КОЛО: Марко Кизиќ (Еурофарм Пелистер)
11.КОЛО: Даниел Ѓорѓески (Охрид)
12.КОЛО: Денис Шабановиќ (Прилеп)
13.КОЛО: Давид Даев (Голден Арт)
14.КОЛО: Мерис Бошњак (Струга)
МВП НА КОЛО ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (ПЛЕЈ-ОФ/АУТ)
1.КОЛО: Наум Костов (Куманово)
2.КОЛО: Александар Мицев (Вардар Неготино)
3.КОЛО: Андреј Митиќ (Вардар Неготино)
4.КОЛО: Даниел Ѓорѓески (Охрид)
5.КОЛО: Лазар Адамовиќ (Вардар Неготино)
6.КОЛО: Владан Кастратовиќ (Прилеп)
7.КОЛО: Стефан Атанасовски (Куманово)
8.КОЛО: Коскуе Јасухира (Вардар)
9.КОЛО: Денис Шабановиќ (Прилеп)
10.КОЛО: Наум Костов (Куманово)
11.КОЛО: Марио Стојановски (Вардар)
12.КОЛО: Иван Ангелески (Прилеп)
13.КОЛО: Димитар Узунчев (Мулти Есенс)
14.КОЛО: Дарио Симоноски (Куманово)
Избран е ALL – STAR тимот на Супер машката лига за сезоната 2023/2024