МВП НА 3 КОЛО ОД СУПЕР ЛИГАТА – ДИМИТАР ЃОРГИЕВСКИ (БУТЕЛ СКОПЈЕ)

Средниот бек на Бутел Скопје, Димитар Ѓоргиевски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 3 коло од Супер лигата.

Организаторот на играта со шест погодоци беше меѓу предводниците на Бутел Скопје во победата против составот на Мулти Есенс.

Ова беше натпревар во кој „црно-белите“ имаа негатива, но со пресврт во второто полувреме стигнаа до трите бода.

Средниот бек освои околу 36% од гласовите, а имаше голема трка со десното крило на Аеродром, Наум Костов, кој имаше околу 33% од гласовите.

Во трка за МВП на 3. коло беа уште Владимир Бојаниќ, Мирко Мајиќ, Пеце Рајатовски, Стефан Петриќ и Калифа Гедбан.