Сања Дабевска дебитираше, Хапоел Ашдод обезбеди полуфинале во Купот

Тимот на Хапоел Ашдод, каде што игра македонската интернациналка Сања Дабевска, обезбеди место во полуфиналето на Лига Купот на Израел.

Хапоел Ашдод славеше против Макаби Ришон Ле Зион со 37-28 во рамките на четвртфиналето од Лига Купот.

Дабевска беше меѓу најзабележителните ракометарки во победничкиот тим и успеа да постигне четири гола во противничката мрежа.

Во полуфиналето на Лига Купот, Дабевска и Хапоел Ашдод ќе се сретнат со екипата на Холон Јувалим.