ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Тиквеш со најдобрите ќе брка евро-триумф

Ракометарите на Тиквеш денеска го играат првиот натпревар од првата рунда на ЕХФ Европскиот Куп против екипата на Еш од Луксембург.

ЕХФ ги објави составите на Тиквеш и Еш за денешната пресметка што ќе игра од 18:00 часот во салата „Јасмин“.

Тренерот Кристијан Грчевски ќе смета на сите расположиви сили меѓу кои се летните засилувања – Ончев, Бен Махфуд, Гавидиа, Димковски…

Еш кој е предводен од Рајко Милошевиќ, го има во ростерот екс десниот бек на кавадарчани, Аугусто Аранда.

Реваншот меѓу двете екипи исто така ќе се одигра во салата „Јасмин“ во текот на утрешниот ден од 18:00 часот.