МВП НА 10. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА – НАУМ КОСТОВ (КУМАНОВО)

Ракометарот на Куманово, Наум Костов, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 10. коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут.

Десното крило игра одлично во тековната сезона, на речиси сите натпревари има висока реализација и за него ова е трето МВП признание.

Костов во претходното коло на дуелот против Скопје со седум погодоци беше предводник во убедливата победа од 32:25.

На гласањето Костов освои околу 34%, додека негов главен конкурент беше капитенот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски, кој имаше околу 27% од гласовите на читателите на 24Ракомет.

Номинирани за МВП на10. коло од плеј-оф и плеј-аут фазата беа уште Филип Николов, Милан Лазаревкси, Калифа Гедбан, Коскуе Јасухира и Иван Димитровски.