МВП НА 3. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА – АНДРЕЈ МИТИЌ (ВАРДАР НЕГОТИНО)

Ракометарот на Вардар Неготино, Андреј Митиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на третото коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут.

За младиот Митиќ ова е прво МВП признание во новата натпреварувачка сезона, додека за Вардар Неготино второ, во претходното коло за најкорисен играч беше прогласен колегата на Митиќ, Александар Мицев.

Кружниот напаѓач на Вардар Неготино во третото коло одигра добар натпревар против Еурофарм Пелистер 2 и даде голем придонес за важната победа, со која неговиот тим дојде до втор триумф во пролетниот дел од сезоната.

Митиќ немаше голема конкуренција на гласањето, освои над 65% од гласовите на анкетата, додека второпласираниот Владан Кастратовиќ од Прилеп имаше околу 25%.

Номинирани за МВП на третото коло беа уште Данило Михаљевиќ, Огњен Радојичиќ, Аби Обина, Мирко Мајиќ и Богдан Радивојевиќ.