МВП НА 1 КОЛО ОД СУПЕР ЛИГАТА – НАУМ КОСТОВ (АЕРОДРОМ)

Десното крило на Аеродром, Наум Костов, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 1 коло од Супер лигата.

Охриѓанецот со осум погодоци беше меѓу предводниците на Аеродром во победата на гостински терен кај Куманово.

Ова беше историски триумф за новиот суперлигаш, кој се избори за место во елитата со одличните партии минатата сезона во Првата лига.

Десното крило освои околу 45% од гласовите, а имаше голема трка со голманот на Вардар, Мартин Томовски, кој имаше околу 39% од гласовите.

Во трка за МВП на 1. коло беа уште Томислав Квастек, Деан Шешиќ, Марио Миланов, Мирко Мајиќ и Матија Николиќ.