МВП НА 7 КОЛО ОД СУПЕР ЛИГАТА – ТОДОР ЈАНКУЛОВСКИ (СТРУГА)

Десното крило на Струга, Тодор Јанкуловски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 7 коло од Супер лигата.

Јанкуловски беше меѓу најдобрите поединци во струшкиот тим и постигна шест погодоци на дуелот против Аеродром.

На незгодното гостување кај новиот суперлигаш, Струга славеше со 31-25 и освои важни бодови во битката за плеј-офот.

Десното крило освои околу 43% од гласовите, а имаше голема трка со голманот на Бутел Скопје, Бојан Блажески, кој имаше околу 32% од гласовите.

Во трка за МВП на 7. коло беа уште Петар Атанасијевиќ, Мирче Калајџиески, Филип Николов, Владимир Бојаниќ и Емилијан Ѓорговски.