МВП НА 5. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА – ЛАЗАР АДАМОВИЌ (ВАРДАР НЕГОТИНО)

Ракометарот на Вардар Неготино, Лазар Адамовиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на петтото коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут.

Српскиот интернационалец повторно имаше одлична партија и со осум погодоци го предводеше својот тим до важна победа над Голден Арт.

Главен конкурент на Адамовиќ во гласањето му беше голманот на Вардар, Мартин Томовски.

Десниот бек освои околу 52% од гласовите на анкетата, додека второпласираниот Томовски имаше околу 33%.

Номинирани за МВП на петтото коло беа уште Цветан Кузманоски, Милан Лазаревски, Стефан Крстевски, Богдан Мијушковиќ и Гал Цирар.