НИКОЈ КАКО МИРКО АЛИЛОВИЌ – Ја игра 24. сезона во Лигата на шампионите!

Мирко Алиловиќ продолжува да испишува историја во европскиот ракомет. На 41-годишна возраст, хрватскиот голман започна нова, 24. сезона во Лигата на шампионите, со што постави рекорд кој тешко ќе биде достигнат во иднина.

Искусниот голман и оваа сезона е дел од Висла Плоцк, каде и натаму има значајна улога меѓу стативите. Во последниот натпревар против Мелсунген, полскиот шампион славеше со 25-24, а Алиловиќ беше еден од клучните фактори за триумфот.

Алиловиќ забележа осум одбрани, од кои неколку беа во клучните моменти од неизвесната завршница, кога и помогна на Висла да стигне до два бода. Зад Алиловиќ се Никола Карабатиќ, Тимур Дибиров, Мирсад Терзиќ, Кирил Лазаров…

Хрватскиот ветеран продолжува да пишува историја, а годините очигледно не се пречка за него и понатаму да биде важен дел од најголемата европска ракометна сцена.