На две кола до крај, уште три слободни плеј-оф прволигашки места

После пет одиграни кола и на две до крај останаа само уште три места за тимовите кои сакаат напролет да се најдат во плеј-оф лигата во прволигашка конкуренција.

Во Групата А ситуацијата со Аеродром и Драчево е веќе јасна. Тие откако ремизираа во првото коло дојдоа до четири победи и веќе решија сè. Ги имаат првите две места така што нема дилеми околу тоа кој ќе се најде во плеј-офот од оваа група од првите две места.

За нив нема проблеми и во последните две кола треба формално да одработат. Затоа, пак, Јехона и Шампион мора да бидат концентрирани максимално бидејќи Преспа и Борец се на само три бода и имаат свои шанси во последните две кола. Оттаму за две места ќе биде многу интересно.

Групата Б, пак, веќе има три тима во плеј-оф. Металург РА, Скопје 2020 и Куманово си најдоа место во групата која напролет ќе разигрува за Супер лига. Остана неизвесност само дали Текстилец или Вардар Неготино ќе го затвори списокот, а многу извесно е дека тоа ќе бидат неготинци кои имаат поповолен распоред до крајот на сезоната.

Инаку, во плеј-офот одат најдобрите четири од едната и од другата група.

ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА А

РЕЗУЛТАТИ ОД 5. КОЛО

АЕРОДРОМ – ШАМПИОН           41:27 (ИЗВЕШТАЈ)

ПРЕСПА 2015 – КИЧЕВО 2020      38:21 (ИЗВЕШТАЈ)

РИНИА М – БОРЕЦ         34:40 (ИЗВЕШТАЈ)

ДРАЧЕВО – ЈЕХОНА        40:31 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА: 1. Аеродром 13 бода (190:122); 2. Драчево 13 (167:136); 3. Јехона 9 (169:162); 4. Шампион 9 (155:158)…

ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА Б

РЕЗУЛТАТИ ОД 5. КОЛО

МЕТАЛУРГ РА – ТЕКСТИЛЕЦ       35:19 (ИЗВЕШТАЈ)

КУМАНОВО – ВАРДАР НЕГОТИНО          35:26 (ИЗВЕШТАЈ)

СКОПЈЕ 2020 – МАКЕДОНИЈА ЃП              37:29 (ИЗВЕШТАЈ)

ПАРТИЗАН 2016 – ДЕЛЧЕВО ВАРДАР     34:34 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА: 1. Металург РА 15 бода (180:109); 2. Скопје 2020 – 15 (183:135); 3. Куманово 12 (151:116); 4. Текстилец 6 (98:115)…