Преспа лесно против кичевци на неутрален терен во Скопје

Екипата на Преспа после неколку променливи игри дојде до убедлив триумф во 5. коло од Групата А во Првата машка лига. Во Скопје го совлада составот на Кичево 2020 со 38:21 така што се избори за важни бодови.

Победникот беше познат рано во овој натпревар со оглед на тоа што кичевци не можеа да парираат. Тимот од Ресен се избори за висока предност рано во овој натпревар. Успеа да зададе удар со кој противникот не можеше да се снајде што допринесе Кичево да има само шест гола после 30 минути.

Ова овозможи на одмор Преспа да има водство од 20:6 така што на крајот на првиот дел ова беше убедлива предност за екипата од Ресен што гарантираше победа.

Во вториот дел разликата беше дополнително зголемена, па на крајот беше 38:21 така што овозможи да се одработи добро и да се стигне до три бода со кои се останува близу до 4. место. Сепак, распоредот до крајот не оди во прилог и ќе мора да се крене нивото ако се сака позитивен резултат.

ПРЕСПА – КИЧЕВО         38:21 (20:6)

Сала: ОУ „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје. Делегат: Владимир Саздовски од Скопје.

ПРЕСПА: Беличовски, Тасевски, Шиклевски 7, Шабедиовски, Георгиевски 4, Ќосевски, Камчев 3, Савевски 6, Божиновски 13, Даскаловски 4, Машковски 1, Мирков.

Седмерци: 0/1, Исклучувања: 6 мин.

КИЧЕВО 2020: Данилоски, Петкоски 1, Крстески 2, Ангелевски 2, Тошев, Новески 2, Смилески 8, Јаковлески, Јованоски, Мирчески 2, Јакимоски, Зафироски 1, Наумовски 2, Јолески 1

Седмерци: 2/4, Исклучувања: 14 мин.