Дебитантот со нова победа си завери плеј-оф

Составот на Скопје 2020 стигна до нова победа које е петта во 5. коло и тоа беше и повеќе од доволно за да се завери местото во плеј-офот напролет.

Скопје 2020 денеска го надигра составот на Македонија Ѓорче Петров откако има две подобри полувремиња и на крајот имаше 37:29.

Уште во првото полувреме Скопје 2020 имаше предност која најавуваше триумф, а тоа се потврди и на теренот кога без поголеми проблеми беше остварена нова победа која е и повеќе од доволна за пласман во плеј-оф.

На полувреме резултатот беше 17:12, а овие пет гола до крајот станаа осум во натпревар во кој не мораше да се форсира туку можеше да се одигра мирно и да се освојат бодовите.

Ова значи дека Скопје2020 во својата деби сезона успеа да дојде до резултат со кој секако може да се пофалат.

СКОПЈЕ 2020 – МАКЕДОНИЈА ЃП             37:29 (17:12)

Сала: СОУ „Перо Наков“ во Куманово. Судии: Драган Јовановски од Штип и Иван Јованов од Радовиш. Делегат: Живко Андонов од Радовиш.

СКОПЈЕ 2020: Стојковски, Михајловски, Трифуновски, Чакалиќ 9, Пешевски 6, Тркалевски 2, Трајчевски, Блажевски, Грујовски 1, Србиновски3, Бајрамоски, Димчевски 4, Димитријевски 6, Петков, Мишевски 6

Седмерци: 4/4, Исклучувања: 8 мин.

МАКЕДОНИЈА ЃП: Неделковски, Димовски, Иванов 2, Танев 11, Лесански 2, Неделковски 11, Јаневски, Никодиновски 3, Стојановски, Божиновски

Седмерци: 5/6, Исклучувања: 8 мин.