Деспина го засили ростер со српски лев бек

Тимот на Деспина, кој се врати во Супер женската лига по откажувањето на Куманоо, доби интернационално засилување во бековската линија.

Станува збор за левиот бек од Србија, Ана Марковиќ, која има 25 години и беше дел од повеќе српски клубови.

Потекнува од Зајечар, а потоа настапуваше за Бор, Јагодина, Напредак Крушевац и Наиса Ниш, а сега се пресели во Прилеп.

Таа веќе дебитираше за составот на Деспина, на мечот со шампионот Ѓорче Петров и успеа да постигне три погодоци.

Србинката треба да донесе дополнителен квалитет во бековската линија на тимот предводен од Зоран Спиркоски.