Момците на Котевски доминираат, повторно убедливи

Екипата на Металург РА сосема очекувано славеше над Текстилец во мечот од 5. коло од Групата Б во Првата машка лига и тоа со високи 35:19.

Уште во текот на првото полувреме работите си дојдоа на свое место. Металург успеа да направи предност од шест гола и да има 15:9 на паузата. Овие шест гола беа само поттик за уште посилно продолжение.

Момците на Игор Котевски знаеја во вториот дел од средбата какода одиграат уште посилно. Тргнаа со сите сили кон високтриумф и го добија второто полувреме со 20:10 така што на крајот имаа убедлива победа.

Со новата висока победа плеј-офот е веќе обезбеден така што сега останува само да се одработат последните две кола од овој дел од сезоната и да почне подготовката за пролетниотдел.

Како што се движеше сезоната во досегашниот дел јасно е дека главниот дуел ќе биде против Скопје 2020 следниот викенд кога ќе биде одлучено првото место.

МЕТАЛУРГ РА – ТЕКСТИЛЕЦ      35:19 (15:9)

Сала: СОУ „Перо Наков“ во Куманово. Судии: Илија Давидовски и Бобан Стојановски од Скопје. Делегат: Зоран Јовановски од Штип.

МЕТАЛУРГ РА: Ацевски, Брестовац, Димевски 8, Фидановски, Вељановски,Тричковски 1, Христоски 4, Трајкоски 2, Мелоски 1, Николов 5, Андревски, Ристовски 3, Георгиевски, Прцуловски 4, Петровски 6, Додиќ 1.

Седмерци: 6/6, Исклучувања: 8 мин.

ТЕКСТИЛЕЦ: Атанасов, Миланов, Петров 1, Јовановски 2, Трајчев 2, Јованов 1, Јахјајов 3, Ристов 4, Лазаров 1, Митрев 3, Трајков 2.

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 12 мин.