Драчево продолжува во најдобрите осум напролет, веќе завери плеј-оф

Ракометарите на Драчево дојдоа до решавачка победа на две кола до крајот околу пласманот во плеј-офот така што веќе ја завршија својата задача и сега им остануваат две кола во кои можат само формално да го довршат овој дел од сезоната.

Денеска против Јехона, тимот на Драчево дојде до победа од 40:31 со што успеа да се избори за важни поени кои го сместија веднаш до Аеродром на табелата.

Тимот на Драчево беше подобриот ривал против Јехона во текот на сите 60 минути и во ниту еден момент не дозволи да има проблеми околу победата. Ракометарите успеаја да создадат шест гола предност после 30 минути игра, а тоа им беше доволен поттик за да успеат да стигнат до уште повисока предност докрај.

Во вториот дел се контролираше резултатот, а паднаа одново многу голови. Имаше вкупно 71 погодок, а Драчево славеше со 40:31 и тоа беше доволно на крајот да се забележат три бода за плеј-оф.

ДРАЧЕВО – ЈЕХОНА       40:31 (21:15)

Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Саше Јанкулоски од Битола.

ДРАЧЕВО: Пејковски, Петровски, Димовски 5, Тевдовски, Трајковски, Андовски 5, Ристовски 3, Соколовски 2, Дабевски 3, Николовски 3, Ангелов 8, Атанасовски, Петковски 7, Јаховиќ 3, Ангеловски 1.

Седмерци: 7/8, Исклучувања: 8 мин.

ЈЕХОНА: Павлоски, Стојаноски, Салиу 7, Дукоски 5, Бошковски 2, Костовски, Јованоски 1, Андриески, Анастасоски, Живкоски, Џафери 5, Лазарески 2, Столески, Николоски 1, Тасески 7, Ахмети 1.

Седмерци: 5/10, Исклучувања: 10 мин.