Кумановци фатија победнички ритам, врзаа четири победи

Кумановци после стартниот пораз од Скопје 2020 врзаа дури четири победи, а последната е против директен конкурент за пласман во плеј-офот така што денешните 35:26 покажаа дека Куманово е во одлична форма.

Вардар Неготино денеска го загуби натпреварот уште во првото полувреме кога резултатот беше 16:8 во корист на домаќинот на петтиот турнир во Групата Б.

Она што беше направено во првиот дел само беше подобрено во продолжението од средбата кога тимот на Куманово успеа да се избори за гол плус на предноста. Со тоа се дојде до резултат кој овозможи кумановци да го зголемат бодовното салдо.

Новата победа ги донесе ракометарите на Куманово до вкупно 12 бода со што сега се сигурни на 3. место на табелата во Групата Б.

Што се однесува до Вардар Неготино виси пласманот во плеј-офот и во последните две кола мора да се победи на двете средби ако се сака место меѓу тимовите кои ќе се борат за пласман во Супер машката лига.

КУМАНОВО – ВАРДАР НЕГОТИНО        35:26 (16:8)

Сала: СОУ „Перо Наков“ во Куманово. Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје. Делегат: Марјан Начевски од Скопје.

КУМАНОВО: Кимевски, Димитријевски, Даневски, Димковски, Димитров 5, Кузмановски 1, Денковски 2, Цветковски 6, М. Спасиќ 2, Петрушевски 1, Тасевски 11, Трајчевски, Стошиќ 3, Миладиновски 2, Д. Спасиќ, Поповски 1.

Седмерци: 6/7, Исклучувања: 20 мин.

ВАРДАР НЕГОТИНО: Ристов 3, Митевски 2, Орешков, Ивановски, Бој. Трпески, Димовски, Недев, Ѓорѓев, Бор. Трпески, Минов 1, Јефремов, Пеовски 5, Вељанов 7, Најдов 3, Грозданов 5.

Седмерци: 6/10, Исклучувања: 12 мин.