Борец ја совлада Риниа М, остана во трка за Супер лига

Ракометарите на Борец успеаја да забележат втора победа сезонава со која останаа во игра за пласман во плеј-офот така што во последните две кола ќе има голема борба бидејќи уште постои шанса напролет велешани да се борат за Супер лига.

Денеска против Риниа М, екипата на Борец немаше многу проблеми за да дојде до победа иако натпреварот заврши со голем број на голови.

Како и на повеќето дуели денеска победникот беше познат уште после првите 30 минути. Борец направи предност од седум погодоци и водеше со 23:16 така што тогаш веќе имаше сигурно водство.

Во вториот дел дојде до опуштање, но предноста беше преголема за да може да има надежи за пресврт од Риниа М, па велешани дојдоа до трите поени.

Со ова Борец останува во игра за место во плеј-офот, но ќе мора во последните две кола да се одработи добро Преспа и Драчево.

РИНИА М – БОРЕЦ        34:40 (16:23)

Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.

РИНИА М: Енес Мемеди, Тахири, Сулејмани, Емини 10, Палоши, Саити, Весов 11, Мемети, Исмаили 13, Туша, Енис Мемеди, Идризи.

Седмерци: 4/5, Исклучувања: 8 мин.

БОРЕЦ: Митревски, Мартинов, Велковски, Митушев, Мазнев, Дамески 6, Чаушевски, Гочев, Миленков 9, Андовски 9, Гугуталиев 4, Мачевалов 11, Ристевски 1

Седмерци: 7/7, Исклучувања: 8 мин.