Веќе нема непоразени во Токио, Франција и Данска претрпеа „тактички“ порази

Селекциите на Франција и Данска во последното 5. коло во групната фаза претрпеа порази, но се чини дека истите беа повеќе тактички бидејќи немаше никакво поместување за нив на табелите во Групите А и Б.

И двете репрезентации останаа на првите позиции, а Франција мина далеку подобро со противникот во четврт-финалето отколку селекцијата на Данска.

Веќе се познати и двојките за четврт-финалето, па сега осумте селекции ќе имаат предизвик бидејќи се борат за останување до крајот на Олимписките игри. Победниците на средбите во вторник остануваат до сабота во Токио кога се дуелите за пласман.

ОЛИМПИСКИ ИГРИ – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ ОД 5.КОЛО

ГРУПА А

ШПАНИЈА – АРГЕНТИНА             36:27 (17:12) – ИЗВЕШТАЈ

НОРВЕШКА – ФРАНЦИЈА            32:29 (15:15) – ИЗВЕШТАЈ

ГЕРМАНИЈА – БРАЗИЛ 29:25 (16:12) – ИЗВЕШТАЈ

ГРУПА Б

ПОРТУГАЛИЈА – ЈАПОНИЈА       30:31 (14:16) – ИЗВЕШТАЈ

ЕГИПЕТ – БАХРЕИН        30:20 (15:7) – ИЗВЕШТАЈ

ДАНСКА – ШВЕДСКА     30:33 (13:17) – ИЗВЕШТАЈ

Супер четврт-финале во Токио: Три екстра дуели на патот кон медалите

Познати термините за четврт-финале, отвораат Франција и Бахреин