Франција и со пораз од Норвешка обезбеди прво место, ќе има најлесен ривал во четвртфиналето

Репрезентацијата на Франција и покрај поразот од Норвешка со 32-29, се пласира на првото место во групата и го потврди своето место во четвртфиналето на Олимписките игри.

Во првиот дел скандинавскиот тим имаше плус четири, 13-9, но дозволија во финишот Французите да се вратат во игра и да израмнат на 14-14, а на пауза се замина со 15-15, откако Жерар одбрани пенал.

Во второто полувреме најчесто се играше гол до 24-24, а потоа Сагосен со два гола во серија донесе плус три 27-24. Таквата предност Норвешка ја одржа до самиот крај без поголеми проблеми.

Најдобар стрелец кај Норвешка беше Сагосен со седум гола, а голманот Бергеруд собра десет одбрани, додека кај Франција, Деска и Карабатиќ постигнаа по пет погодоци.

Во четвртфиналето Франција ќе се сретне со селекцијата на Бахреин, која низ углени уши и само со една победа се пласираше во следната фаза. Норвешка веројатно ќе заврши на четвртото место и ќе игра во четвртфиналето со Данска, која допрва треба да го потврди првото место во групата Б.