Фуксе Берлин ќе има шпански шмек и натаму – Арињо го продолжи договорот

Шпанското лево крило Аитор Арињо ќе остане во редовите на Фуксе Берлин и во следната сезона.

33-годишниот ракометар имаше договор со германскиот клуб до крајот на актуелната сезона, но Берлин ја активираше опцијата за продолжување на соработката за уште една година.

Арињо пристигна во Берлин минатото лето, по долги години поминати во каталонскиот гигант Барселона.

Идното лето Фуксе Берлин ќе добие три големи засилувања – Тео Монар, Дика Мем и Симон Питлик, а од клубот ќе замине Мијајло Марсениќ.