Шведска го запре олимпискиот и светски првак, но пак заврши како трета

Селекцијата на Шведска дојде до победа од 33:30 на дуелот против Данска, но овој триумф не помогна многу бидејќи позициите на табелата во Групата Б останаа исти. Швеѓаните останаа трети додека Данците на крајот си го зачуваа првото место во групата.

Од почетокот на натпреварот се виде дека составот на Шведска ќе биде во предност и дека ќе одигра на максимум за да се реваншира за поразот во финалето на последниот Мундијал. Сепак, ова не носеше многу грижа во Данска бидејќи главно се играше за да се одржи негативата до четири гола колку што беа доволни за да се задржи првото место во кругот на три репрезентации со по осум бода.

Првото полувреме заврши со резултат 17:13 во корист на Шведска, а овие четири гола во продолжение се чуваа. Данците не дозволуваа Швеѓаните да се одвојат премногу и постојано беа на3-4 гола негатива. Најмногу што се доближија беа два гола при 26:28, но потоа не дозволија противникот да с разигра премногу и имаа контрола.

Најефикасни на оваа средба во победничкиот состав беа Карлсбогард и Сандел кои средбата ја завршија со по шест погодоци. Во Данска по бед гола имаа Матијас Гидсел и Јохан Хансен

Овој резултат значи дека Данска ќе се судри со Норвешка во четврт-финалето, додека Шведска ќе треба против Шпанија.