СЕНЗАЦИЈА: Јапонија ја шокираше Португалија и ја остави без четвртфинале, Шпанија и Египет со високи победи

Селекцијата на Јапонија приреди сензација откако славеше над Португалија со 31-30 и ја остави европската репрезентација без место во четвртфиналето на Олимписките игри.

Иако Португалците водеа во финишот со 29-28, сепак домаќинот со серија од три гола направи пресврт за 29-31, а во последните секунди Ареиа само го постави конечниот резултат.

Египет славеше над Бахреин со 30-20, но и покрај тоа, Бахреинците имаат најдобар скор на мини табелата со Португалија и Јапонија, па тие го обезбедија четвртото место што носи пласман во четвртфиналето на ОИ.

Шпанците пак без поголеми проблеми запишаа триумф над Аргентина со 36-27, но тие одамна го имаа обезбедено место во елиминациите.