Карапалевски пред езерскиот двобој: Фаворити сме, ама тоа треба да го покажеме на терен

Првиот езерски двобој оваа сезона ќе се одигра в сабота во СРЦ „Билјанини Извори“, каде домаќинот Охрид ќе ја пречека засилената Струга.

Двете екипи не успеаја да победат во првото коло, па сега ќе ја бараат својата шанса, иако Охрид е голем фаворит за двата бода од оваа средба.

Средниот бек Мартин Карапалевски ја прифаќа фаворитската улога, но смета дека таа треба да се покаже на терен.

„Играме против Струга, нов и добро избалансиран тим со искусни играчи. Ние сме фаворити, но тоа мора да го покажеме на терен. Со максимална концентрација, борбеност и тимска игра верувам дека ќе стигнеме до првата победа сезонава и ќе се радуваме пред нашата публика на домашен терен“, изјави Карапалевски.

Средбата меѓу Охрид и Струга се игра в сабота во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток од 19:00 часот.