Пролет лесно го доби Пелистер, на чекор е од нов плеј-оф

Ракометарите на Пролет го финишираа есенскиот дел од сезоната со победа над Пелистер од … со што останаа на добра позиција за пласман во плеј-офот и не би требало да има поголеми проблеми напролет за да се успее во целта односно освојување едно од првите четри места.

На средбата против Пелистер денеска неизвесни беа првите десетина минути во кои и гостите имаа што да покажат. На моменти беа и во предност од два гола, но тоа беше само почетно испитување на силите после кое работите се поправија и тимот на Пролет ја презеде контролата.

Како се доближуваше паузата така стануваше јасно дека на овој дуел ќе нема поголем проблем за да се одработи планираното, а разликата растеше така што ова најавуваше лесен дуел за тимот на Пелистер. Највисоките седум гола беа остварени при 16:9 во финишот на полувремето, но на одмор се замина со плус од шест гола и водство од 17:11.

Овие шест гола во вториот дел се чуваа успешно, а на моменти беа зголемени и на седум. Првпат осум гола беа остварени во 52. минута кога Пролет поведе со 31:23. Домашните играа со само една измена постојано за да може да влезе играл во дефанзива, додека тренерот на гостите се обидуваше да им даде шанса на повеќе ракометари барајќи ја поставата која ќе може да се спротистави.

Сепак, Пролет знаеше како да ја исконтролира средбата, а имаше и порасположени ракометари на овој дуел кои направија и двоцифрена позитива на пет минути до крај на натпреварот. На тој начин Пролет дојде до нови бодови така што останува на 4. место со седум бода предност во однос на Радовиш така што е јасно дека тука напролет ќе требаат две победи за да се завери пласманот во плеј-оф.

ПРОЛЕТ – ПЕЛИСТЕР     36:26 (17:11)

Сала: „Македонско сонце“ во Скопје. Гледачи: 200. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Цане Куртовиќ од Скопје.

ПРОЛЕТ: Кристо, Кизиќ, Коруновски, Аларов 5, Поповски, Давитковски 3, Матовски 1, Манев, Јовановски, Гроздановски 1, Андоновски 8, Џонов 6, Мајнов 5, Гичев 1, Стојановски 1, Игнов 5.

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 8 мин.

ПЕЛИСТЕР: Ристевски, Иваноски, Трајковски 5, Блажевски 2, Петровски 6, В. Димитровски 2, Митревски 3, Мандиќ 1, И. Димитровски 3, Апостоловски 1, Петковски, Димитров, Илиев, Буторац 3, Вардовски.

Седмерци: 2/5, Исклучувања: 12 мин.