Охрид го сруши Пролет, на чекор е до суперлигашки плеј-оф!

Во натпреварот кој беше директен дуел во борбата за обезбедување место во плеј-офот екипите на Охрид и Пролет одиграа одличен натпревар. После голема борба до бодовите стигнаа ракометарите на Охрид со 23:20.

Пролет одлично го започна натпреварот, со цврста одбрана гостите уште на почеткот имаа водство од 1:4 и 2:6. Веднаш реагираше Раде Стојановиќ со тајм аут и тоа донесе резултат. Со четири последователни гола Охрид израмни на 6:6.

Домаќините имаа три напади да стигнат до првото водство на натрпеварот но не усепаја, а до крај на првиот дел се играше израмнето. Џонов погоди за 9:10 на неколку секунди пред полувремето, но Охрид врати на празната мрежа за конечни 10:10 на полувреме.

Во почетните минути од вториот дел Пролет успешно ја чуваше предноста од два гола сè до средината на вторите 30 минути. Двете екипи посветуваа големо внимание на играта во одбрана, а таквата игра им овозможи на домаќините да израмнат повторно.  Охрид во продолжението за првпат беше на нерешено во 47. минута кога Николов од седмерец погоди за 16:16.

Јане Цветковски одбрани седмерец за нова можност на Пролет да отиде на два позитива, но во следниот напад Шилегов пресече топка, а Тасески донесе ново израмнување во 52. минута. Во следниот напад Шилегов реализираше за прво водство на Охрид од 19:18.

Во завршните пет минути ракометарите на Охрид беа посконцентрирани, во 58. минута Кривокапиќ погоди за 21:19, а потоа со третата интервенција за само неколку минути Брауновиќ го доближи својот тим до победа. Пролет се обиде со пресинг да избегне пораз но Николов ја потврди победата на Охрид.

Во завршницата попуштија нервите и директен црвен картон заработија Давор Палевски и Филип Николов. Најефикасен во победничкиот тим беше Филип Николов со десет гола, а четири постигна Кривокапиќ. Во тимот на Пролет Палевски со шест гола беше прв стрелец.

12 февруари 2022
23 - 20
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
12 февруари 2022 19:43 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 12.02.2022 60'

Место

СРЦ „Билјанини извори“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ОХРИД1023Победа
ПРОЛЕТ1020Пораз

ОХРИД

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Јагош Брауновиќголман00
4Крсте Андоновскилево крило00
6Филип Кривокапиќцентрален бек24
8Наум Костовдесно крило00
10Филип Николовдесен бек110
11Мице Шилеговдесно крило11
12Христијан Коваческиголман00
13Славчо Шулески-00
14Михајло Младеновиќлев бек12
19Иван Тасескипивот01
21Филип Грубор-01
24Мартин Манасковлев бек13
34Мартин Ивановскицентрален бек00
35Николче Ристескилево крило00
44Стефан Додиќцентрален бек01
90Даниел Ацевголман00
 Вкупно 623

ПРОЛЕТ

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Михаил Аларовпивот02
7Бојан Маневцентрален бек00
8Дејан Пецаковскилев бек13
9Бојан Јовановскилево крило00
11Виктор Додевскидесно крило00
13Мартин Димовдесно крило12
15Ласко Андоновскицентрален бек01
16Андреј Петковскиголман00
18Иван Џоновлев бек12
19Доне Мајновдесен бек00
21Филип Крстевски-00
23Ѓорѓе Голубовиќдесен бек13
24Јован Фичорскицентрален бек00
33Јане Цветковскиголман00
71Давор Палевскилево крило06
99Жарко Пејовиќцентрален бек01
 Вкупно 420

Officials

Судии:Делегат:
МИТРЕВСКИ ДИМИТАР
ТОДОРОВСКИ БЛАГОЈЧЕ
КАЛАНОСКИ СЛАВЧО
ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515