Преспа пресилна за Партизан, го остави на дното

Ракометарите на Преспа на домашен терен ја остварија и втората победа во групата 2 од Првата лига со триумфот над Партизан со 30:21 во 4. коло.

Ресенчани имаа лесна задача на овој натпревар. Многу рано направија сигурна предност за мирна игра во остатокот од дуелот. После 3:2 следуваа серии од два пати по 4:0 на домаќините практично за решавање на мечот.

На полувреме Преспа имаше водство од 17:9. Продолжението беше рутинско одработување на задачата без никакви шанси Партизан да ја загрози победата на противникот.

Најдобар во екипата на Преспа беше Савевски со осум гола, по пет постигнаа Ѓорѓиевски, Шиклевски и Даскаловски. Во тимот на Партизан по Узунчев и Маренчев беа прецизни по четирипати.